§  Na po~etok

§  Za Institutot

§   Dodiplomski kurikulum

§   Postdiplomski kurikulum

§   Nastaven kadar

§   Linkovi

§   Kontakt adresa

                                                             

 Univerzitet Sv. Kiril i Metodij
Filozofski Fakultet

INSTITUT ZA SOCIJALNA RABOTA I SOCIJALNA POLITIKA

За Институтот

Основан во 1984 година, Институтот за социјална работа и социјална политика е првата академска институција која нуди студии за социјална работа во Македонија. Заедно со уште девет други Институти (оддели), тој е дел од Филозофскиот Факултет во Скопје, првата високообразовна институција во Македонија.

Институтот започнува со својата работа во 1960тите години како Висока Школа за социјални работници, со двегодишни студии. Со наставните промени од 1984 Институтот преминува во четиригодишна високо образовна институција. Во рамки на наставната програма Институтот обезбедува студии на додипломско и постдипломско ниво (магистерски и специјалистички студии). Наставните програми на овие студии се креирани согласно Европскиот Кредит Трансфер Сиситем (ЕКТС). Тоа им обезбедува на студентите подинамичен и пофлексибилен начин на студирање, преку перманентно евалуирање на нивните активности како начин за здобивање на вкупната оцена, како и поголема флексибилност во изборот на наставните предмети.

Наставниот кадар на Институот го сочинуваат матични професори и соработници, но и голем дел на професори и соработнички персонал од интердисциплинарните Институти при Филозфскиот Факултет, како и од останатите високо образовни институции од доменот на општествените науки во земјата. Наставниот кадар при Институтот е активно вклучен во голем број на наставни и истражувачки активности. Во работата со студентите по социјална работа, наставниот персонал се обидува да го поттикнува креативното разрешување на проблемите, како и развивање на лидерските и други интерпесонални и социјални вештини, неопходни во праксата на социјалните работници. Истражувачката работа на Институтот се фокусира во скоро сите области на социјалната работа и социјалната политика. Наставниот кадар е вклучен во реализација на проекти и консултантски активности во домените на: (а) социјалната заштита: заштита на деца и семејства во ризик, улични деца/деца на улица, социјалниот статус на ромите, образовните и социјалните услуги за стари лица и др.; (б) социјалната политика: Европските влијанија врз социјалните политики во регионот и земјата, анализа на сиромаштија, пензиските реформи и др. и (в) социјалната работа: супервизија во социјалната работа, системски пристап во социјалната работа, мапирање на локалните капацитети за социјален развој и сл. Во рамки на Институтот веќе подолго време функционираат и неколку истражувачко-апликативни центри:
Fakultet.jpg (3801 bytes)

  • Национален центар за континуирано образование за социјален развој;
  • Ресурсен Центар за Улични деца/Деца на улица
  • Асоцијација за поддршка и заштита на деца и семејства во ризик - Среќно детство

 Значаен дел од активностите на Институтот е соработката со останати домашни и меѓународни академски, владини и невладини организации. Голем дел од тие соработки имаа значително влијание во професионалното доусовршување и развој како на наставниот персонал така и на студентите. Некои од позначајните соработки се:

  • На академско ниво: Католичкото училиште за применети науки во Падерборн, Германија; Одделот за социјална педагогија при Универзитетот во Лоѓ, Полска; Европскиот Факултет за применети науки Алис Соломон во Берлин, Германија, СВЕБИХ проектот (академска соработка со Факултетите за социјална работа во Босна, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, Шведска); Европскиот Институт за социјални услуги при Универзитетот во Кент од Кентербери, Англија; Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, Скопје, Економскиот Институт во Скопје, и др.
  • Меѓународни владини/невладини организации: АГЕХ (Асоцијација за развојна соработка) од Келн, Германија; УНИЦЕФ; Save the Children; Првата Детска Амбасада Меѓаши; Институтот Отворено Општество; Фондацијата Фридрих Еберт, НВО Порака; Универзитетот Трето Доба; Асоцијацијата на социјални работници во Македонија; Сојуз на организицијата на жени во Македонија и др.

 

Институтот е член на Европската Асоцијација на школи за социјална работа, како и Меѓународната мрежа за социјална работа во училиштата.